Од 1 ноември Норвешка ќе ја стави армијата во повисок степен на готовност поради војната во Украина, изјави денеска норвешкиот премиер.
Норвешка сега е најголемиот извозник на природен гас во Европската унија, обезбедувајќи околу една четвртина од европскиот увоз после намалувањето на протокот на руски гас.
„Ова е најсериозната безбедносна ситуација во последните децении“, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција.
„Нема индикации дека Русија ја шири својата војна во други земји, но поради зголемените тензии, ние сме повеќе изложени на закани, разузнавачки операции и кампањи за влијание“, рече тој.
Норвешка распореди војска за да ги чува нејзините нафтени платформи и објекти на копно по нападот на „Северен тек“ на 26 септември и доби поддршка од британската, француската и германската морнарица.
(Фото: ЕПА)







