Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нуредини: Единствен опасен отпад е комуналниот, царинските контроли мора да бидат темелни
Македонија

Нуредини: Единствен опасен отпад е комуналниот, царинските контроли мора да бидат темелни

јануари 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за животна средина Насер Нуредини в понеделник ќе има средба со новиот директор на депонијата Дрисла. Нуредини во изјава за МИА вели дека единствениот опасен отпад во земјата е комуналниот отпад. Кај нас се увезува, потенцира тој,  отпад за рециклирање и за повторна употреба.

„Единствениот опасен отпад што го имаме во нашата земја е комуналниот отпад. Не дозволуваме во нашата земја да се увезува каков било отпад за депонии или некакво складирање. Единствениот отпад што се увезува е за рециклирање и повторна употреба, и ништо друго. Ако постои сомнение за какви било активности од тој тип, ќе покренеме истрага со надлежните и ќе се осигураме тоа никогаш да не се случи, изјави Нуредини.

За тоа кој ја врши контролата на она што влегува во земјата како отпад и кој ја има најголемата одговорност, министерот за животната средина вели дека тие како институција креираат политики и дека царината мора да знае што се увезува во земјата.

„Ние, како институција креираме политики, ги пишуваме законите, но и се стремиме да ги применуваме. Не дозволуваме во нашата земја да се увезува отпад за депонии или складирање. Дозвола за увоз може да се добие единствено за рециклирање и повторна употреба на отпад. Доколку постои и најмало сомневање за кое е потребна понатамошна истрага, ќе соработуваме и со бугарските власти да дознаеме, и да се осигураме дека ова нема да се случи во нашата земја. Кој е одговорен? Цариниците мора да знаат што се увезува во земјата. Постојат правила и прописи дека контролата на граничните премини мора да биде темелна. Ќе ги поддржиме на секаков можен начин, ние сме институција, ќе направиме се што може да се направи, рече Нуредини.

Прашањето за опасниот отпад и воопшто за оптадот се актуализираше откако Обвинителството во Бургас отвори истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери со италијански отпад на пристаништето во бугарскиот град. Со случајот се поврзува трговското друштво „Блацион“ ООД,  со адреса и седиште во Софија, а удел во нејзиното сопствеништво, пак имаат Блаже Игњатовски и Горан Ангелов, кој до неодамна беше на чело на „Дрисла“.

Според Обвинителството во Бургас отпадот откриен во контејнерите не е радиоактивен или токсичен, но сепак утврдена е неусогласеност меѓу наведеното во документацијата на контејнерите и нивната содржина.

Отпадот е транспортиран со брод на 5 септември минатата година и му е определен режим на времено складирање во рок од 90 денови. Истрагата продолжува, се земаат примероци од сите контејнери, а ќе биде побарана и меѓународна потерница за истрагата, бидејќи контејнерите доаѓаат од Италија.

актуелно контрола Нуредини отпад царинска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.