Обама ги разбесна Русите

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека одлуката на претседателот на САД во заминување Барак Обама за смалување на рестрикцијата за вооружување на бунтовниците во Сирија го доживува како „непријателски чин“.

Лавров тврди дека администрацијата на Барак Обама пред крајот на неговиот мандат се обидува да ја закомплицира ситуацијата во светот пред тој да биде заменет во јануари со Доналд Трамп.

Обама укина одредени ограничувања на вооружување на бунтовниците во Сирија овој месец, што властите во Кремљ веднаш го нарекоа „многу опасно“.

Американската влада долго инсистираше опозицијата која се бори против претседателот на Сирија, Башар ел Асад, да ја претстави како „умерена“, заради што произлезе и името „умерени бунтовници“.

buntovnici

Меѓутоа, откако се појавија информации, документирани со фотографии и видео снимки, дека во редовите на бунтовниците нема толку многу „умерени луѓе“, туку тоа се главно припадници на Ал Нусри фронтот, Пентагон запре со финансирањето.

Сепак, одлуката на Обама ја подотвори вратата за нова помош на бунтовниците, кои неодамна после речиси 5 години опсада, во потполност се протерани од Алепо, вториот по големина сириски град.