Обединети нации: Авганистанските девојчиња мора да одат на училиште

LinkSense.mk

Советот за безбедност на Обединетите нации изрази длабока загриженост поради одлуката на Талибанците на власт во Авганистан да им забранат на девојчињата да посетуваат средно училиште и ги повика веднаш да отворат училишта и за ученички.

Членовите на Советот за безбедност повторија дека сите Авганистанци имаат право на образование, вклучително и девојчињата“, се вели во соопштението на Обединетите нации.

Минатата недела Талибанците ја повлекоа најавата дека средните училишта ќе бидат отворени за девојчиња, велејќи дека тие ќе останат затворени додека не се подготви план кој е во согласност со исламскиот закон за нивно отворање.

Соединетите Американски Држави ненајавено заради оваа одлука на властите во Авганистан ги откажаа средбите со талибанските претставници во Доха, за решавање на клучните економски прашања, соопштија во петокот претставници од Белата куќа.

Советот за безбедност побара од Дебора Лајонс, специјалната претставничка на ОН за Авганистан, да разговара со авганистанските власти за ова прашање и да извести за напредокот на разговорите.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)