Обединети нации: Деца во Авганистан ќе умираат од глад

LinkSense.mk

Милиони Авганистанци, вклучувајќи и деца, можат да умрат од глад ако нешто итно не се превземе за да и се помогне на државата, која е на работ на хуманитарна катастрофа, предупреди висок службеник на Обединетите нации и повика на одмрзнување на средства за хуманитарни програми.

Извршниот директор на Светската програма за храна Дејвид Бесли изјави за Ројтерс дека 22,8 милиони луѓе во земјата со 39 милиони жители се соочува со акутна прехранбена несигурност и „оди кон гладта“, што е голем пораст во споредба со 14 милиони од пред само два месеца.

Деца ќе умираат. Луѓето ќе гладуваат. Работите ќе станат многу полоши“, рече Бесли.

Не знам како да се спречи умирање на милиони луѓе, посебно деца, со недостаток на финансирање и колабирачка економија“, додаде тој.

После превземањето на власта од страна на Талибанците во август годинава, западните земји и донаторите замрзнаа милијарди долари помош за Авганистан, чија економија зависи од странска помош. Состојбата со недостаток на храна беше лоша во таа држава и пред доаѓањето на Талибанците на власт.

Тоа што го предвидовме се случува многу побрзо од очекувањата. Кабул падна многу пред време, пред секое наше очекување, а економијата се руши многу побргу од тоа“, истакна Бесли.

Тој посочи дека доларите наменети за развојна помош би требало да бидат пренаменети за хуманитарна помош, што некои земји и го направија тоа. Исто така, Бесли предлага преусмерување на замрзнатите средства низ агенциите на Обединетите нации.

Светската програма за храна тврди дека и се потребни 220 милиони долари месечно за да може делумно да нахрани близу 23 милиони ранливи луѓе во Авганистан.

 

 

 

(Фото: ЕПА)