Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
  • Полицијата од сабота ќе казнува по 45 евра: Неподготвени не седнувајте зад волан
  • Македонија има најскап гас во Европа според куповната моќ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Обичајот „Дева“ пред Божик уникатен во Крушево, па дури до Витлеем
Култура

Обичајот „Дева“ пред Божик уникатен во Крушево, па дури до Витлеем

јануари 6, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Убаво, празнично е пред Божик во Крушево.

Така беше на петти јануари во вечерните часови во центарот на Крушево.

Веселата атмосфера и покрај студеното време, посната трпеза, топлите напитоци и исчекувањето ја красат атмосферата пред Божик во историско Крушево.

Историско е и во своите трдиции.

Со гордост, малку срамежливо, крушевчани упатуваат на уникатната традиција.

Го навестуваат големиот христијански празник- Христовото раѓање – Божик.

Со вековната традиција „Дева – во чест на новото раѓање“.

Лицата и на младите и на возрасните се празнични.

Го привлекуваат вниманието на бројните посетители и на туристите.

Тие, пак, искрено се прашуваат – каква е уникатната традиција што ги собра на плоштадот „Никола Мартиноски“, пред новогодишната елка.

Младите демонстрираат вековна традиција.

Велат, само во Крушево, па дури до Витлеем.

Предбожикни песни, навестувањата, голем број изрботени шестокраки црвени ѕвезди.

Велат, како онаа во Витлеем кога било навестено Исусовото раѓање.

Веќе седма година, организирано, крушевските средношколци од училиштето „Наум Наумоски Борче“ потсетуваат на вековната уникатна
предбожикна традиција во Крушево.

Да остане довека.

Шест млади момчиња, носејќи ја црвената ѕвезда се упатија пред секоја
крушевска порта.

Затропаа.

Ја пееја „Дева, Деване“.

Добија благослови и, секако, пари.

Таков е вековниот адет.

И сѐ така, додека не се поминат портите во таа петтојануарска ноќ.

Младата крушевчанка Билјана Стојаноска е подготвена да објасне за големата уникатна предбожиќна традиција во Крушево која, на овој начин, го поврзува со древниот Витлеем.

„Манифестацијата „Дева – во чест на новото раѓање“ е вековна традиција која се одржува во Крушево. „Дева“ е обичај, стар стотици години. Се вели дека крушевските печалбари го пренесле од Русија и, колку што имаме сознанија, се празнува само во Крушево и во Витлеем. Она што е интересно е дека млади момчиња носат шестокрака ѕвезда, ја пеат песната „Дева, Деване..“ и со тоа ја најавуваат прекрасната вест за раѓањето на Исус Христос. Празникот како долга традиција е многу битен за крушевчани. Врши голема промоција на самото Крушево и на  редностите кои ги имаме и се уникатни само за нас“, објаснува Стојаноска која е дел од организацискиот одбор на Манифестацијата „Дева – во чест на новото раѓање“.

Зорица Кузманоска, професор во средното крушевско училиште „Наум
Наумоски Борче“ кое сака да ги зачува традиционалните вредности и да ги приближи до младите да не ги заборават како оставнина од предците, вели дека настанот е многузначен и хуман.

„Веќе седум години го организираме овој настан, поттикнати од идејата дека младите луѓе се носители на напредокот во овој град, сакајќи да напредуваме како туристички град, но и од сосема друг карактер. Сакајќи да се зачува традицијата која младите полека ја забораваат, но и д се подигнат вредностите поврзани со овие божиќни празници. Настанот е многу интересен, зашто отсликува една хуманост. Паричките кои ги собираат децата кои со ѕвездата, што ја симболизира Витлеемската ѕвезда, шетаат од куќа до куќа, ќе бидат донирани за првото родено бебе по овој настан на петти јануари. Организиравме и донации од крушевските стопанственици кои ја збогатија посната трпеза и ги згреаја душите на сите посетители и на туристите во Крушево“, смета Кузманоска.

Крушевчани се горди на традицијата која им ја објаснуваат детално на посетителите и на гостите, а тие, пак, гостите, воодушевени од впечатоците – на градскиот плоштад среде Крушево пробуват од посната трпеза, се топлат со напитоците во петојануарската зимска вечер и воодушевено се подготвени да им раскажувата на блиските и на пријателите – Предбожиќната петтојануарска вечер во Крушево вреди да се доживее.

Петтојануарската предбадникова и предбожиќна вечер во Крушево е неповторливо искуство и буди чувства на семејно заедништво.

Топлината од свечените песни на малдите, упорноста да ја одржат традицијата, ја стоплува душата.

Крушевчани имаа многу гости за Новогодишните.

Ги прибраа гостите и за Божиќните празници.ж

Со уникатноста.

 

ИЗВОР:МИА
Елизабета Митреска

Божик витлеем крушево Обичај „Дева“
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.