Облачно време со врнежи од дожд, наместа поројни

Претежно облачно време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи се очекуваат во текот на денешниот ден. Локално, според прогнозата на синоптичарите, ќе наврнат и над 15 литри на метар квадратен. На планините на северозапад ќе врне снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната
од 10 до 17 степени.

Во Скопје слично време со дожд и слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во вторник се уште ќе има врнежи од дожд, понекаде проследени со грмежи, но ќе бидат полокализирани.

Преодна стабилизација со пораст на дневната температура се очекува кон средина на неделата, а веќе кон крајот на работната недела се најавуваат нови врнежи.