Облачно и студено време со слаб снег, за викендот до 13 степени

LinkSense.mk

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во четврток во источните делови.

Како што соопшти УХМР, од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Утре минималната температура ќе се движи од -8 до 2, а максималната дневна од -2 до 7 степени. За време на викендот ќе биде потопло, во сабота до 13, а во недела до 11 степени.