Облачно со врнежи од дожд, на места поројни со засилен ветер

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 35 л/м2), проследени со засилен ветер од југоисточен правец. На повисоките планини, врнежите ќе бидат од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 11 степени, а дневната од 9 до 14 степени.

Во Скопје и околината, времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 7 степени, а дневната до 10 степени.