Облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Утре и во четврток ќе има повремени врнежи од дожд. Температурите ќе бидат во опаѓање, особено во четврток кога ќе дува повремено силен северозападен ветер.

Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.