Објавен трејлер за првиот македонски краткометражен анимиран научно-фантастичен филм „Конструкт 42“

Објавен е трејлерот за првиот македонски краткометражен анимиран научно-фантастичен филмнасловен „Конструкт 42“, чија премиера е предвидена за 2021 година. „Конструкт 42“ нè носи во далечната иднина и ја раскажува приказната за
последните напори за спас на човештвото.

Режисер на филмот е Никола Ангелкоски, а гласовите на ликовите ги позајмуваат Кристина Тасева и Александар Алексовски.

Монтажата е на Жарко Јуруков, а за музиката се задолжени Бојан Сенковски и Михајло
Вуковиќ.