ОГНЕНА СТИХИЈА: Во центарот на Сиднеј гори повеќекатница, стотици луѓе се евакуирани

LinkSense.mk

Голем пожар се случи во центарот на австралискиот град Сиднеј, а како што јавува локалната телевизија (9news.com), гори седумкатница во Сари Хилс.

Стотици луѓе се евакуирани од подрачјето додека огнот гори низ неколку ката на напуштена зграда на улицата „Рендл“ во близина на главната железничка станица.

Властите соопштија дека зградата почнала да се урива.

Пожарникарите во моментов се обидуваат да локализираат нов пожар во соседната зграда, а полицијата и другите надлежни служби ги предупредуваат жителите да се држат настрана од пожарот.

Според првичните информации, пожарот избувнал околу 17.00 часот по локално време на третиот кат од зградата, а потоа се проширил и на останатите катови.

Оние кои директно биле сведоци на хаотичните сцени тврдат дека тоа е еден од најголемите пожари што некогаш ги виделе во градот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Твитер)