Во напад со проектили од воздух кој во источна Украина вчеравечер го извршија руските воени сили уништена е „Ледената арена“ во градот Дружкивка, во областа Доњецк, соопшти Украинската хокеарска федерација.
Претходно беше соопштено дека проектил го погодил градот и ранил две лица.
„Руските окупатори од почетокот на војната уништија пет ледени арени“, објави федерацијата на Телеграм, наведувајќи ги хокејскиот стадион „Дружба“ во Доњецк, арените во Мариупол и Мелитопол, „Ледената палата“ во Северен Донецк и сега арената „Алтаир“ во Дружкивка.
Украинскиот хокеарски клуб Донбас, кој „Алтаир“ ја користи од 2014 година, откако проруските сепаратисти ја прогласија Доњецката Народна Република, објави дека арената е уништена од ракетен оган.
Таа сала беше место каде се одржуваа украински првенства, меѓународни натпревари и културни настани. Генералниот директор на клубот, Федор Илиенко, на Фејсбук напиша дека тоа место е повеќе од зграда, бидејќи во него се наоѓа најголемата украинска школа за хокеј и уметничко лизгање.
(Фото: „Твитер“)







