Одеса: Турски „Боинг“ излета од писта, нема повредени

„Боинг 737-800“ на компанијата „Туркиш Ерлајнс“ при слетување на аеродромот во Одеса го скршил предниот трап и излетал од пистата, после што патниците биле евакуирани од авионот.

Инцидентот се случил вчеравечер, а на видео снимките објавени на социјалните мрежи се гледа авионот неколку метри надвор од патеката, пренесува Раша тудеј.

Локалните медиуми јавуваат дека авионот најмалку два пати се обидел да дојде до пистата и дека бил забележан како врти на небото над Одеса.

Ниту вториот обид да слета не излегол најдобро заради што авионот морал грубо да се приземји.

Никој од патниците и од членовите на екипажот не е повреден.

За сега сеуште не е познато што го предизвикало инцидентот со оглед на фактот дека временските услови биле поволни, пренесе порталот Симпл флаинг.

Патем се додава дека ова не е прв инцидент којшто се случил во четвртокот. И на авион од Дубаи му се случило нешто слично, после што аеродромот бил затворен два часа.

Одеса е трет најпрометен аеродром во Украина и на него слетуваат голем број нискобуџетни компании, со оглед на тоа дека се наоѓа близу Црно море.