Одложена амандманската расправа за Буџетот, вработени и дел од пратениците се тестираат за Ковид-19

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска нема да ја продолжи седницата на која се одвива амандманската расправа за Буџетот за 2021 година, откако претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцнски вчера објави дека е позитивен на Ковид-19.

Од Собранието информираат дека денеска во претпладневните часови завршило земањето брис од страна на Институтот за јавно здравје на вработените во Комисијата и на дел од пратениците, кои биле во контакт со претседателот на комисијата Тимчо Муцунски.

„Веднаш штом пристигнат, истите ќе бидете известени за времето на продолжување на работата на комисијата“, соопштија од Собранието.