Судењето за случајот „Трезор“ се одложи за на 29 март бидејќи еден од обвинетите поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски е во екстрадиционен притвор во Солун.
Според одбраната екстрадицијата може и да не се случи до тој период и затоа бараат, наместо на 29 март, судењето се закаже подоцна.
Во случајот „Трезор“ првообвинет е поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.







