Одметнат дипломат предупредува: Ким може да фрли атомска бомба на Америка

Северна Кореја стално се заканува со напад на САД, но често нејзините закани се отфрлани како несериозни.

Меѓутоа, дипломат кој побегна од Северна Кореја во Јужна вели дека опасноста е навистина сериозна.

Тае Јонг Хо, поранешен заменик на севернокореанскиот амбасадор во Велика Британија кој во август лани пребега во Јужна Кореја, изјави за „НБЦ Њуз“ дека лидерот на Пјонгјанг е подготвен да фрли атомска бомба на САД.

Хо е највисок дипломат кој побегна од Северна Кореја, а Пјонгјанг го нарече криминалец и побара да се врати на испитување.

До неодамна заменик на севернокорејскиот амбасадот во Велика Британија, Јонг Хо
До неодамна заменик на севернокорејскиот амбасадот во Велика Британија, Јонг Хо

 

Овој дипломат повеќе пати предупреди на нуклеарна моќ на Северна Кореја.

„Ким Јонг-ун очајнички сака да ја задржи власта и заради тоа се потпира на развојот на нуклеарното оружје и интерконтиненталните балистички ракети“, изјави тој за „НБЦ Њуз“.

Хо вели дека тој е подготвен, што ќе го види „првиот тенк или каква било друга американска закана“, да го употреби своето нуклеарно оружје.

Хо со семејството живееше во Лондон, каде што работеше во амбасадата, кога одлучија да пребегаат. Тој не бил директно вклучен во севернокорејската вооружена програма, но верува дека државата значително напредувала во поглед на можноста за користење на нуклеарно оружје.

САД веруваат дека Северна Кореја има осум нуклеарно боеви глави, но аналитичарите не се сигурни колку режимот на Ким е блиску до можноста да ги интегрира на интерконтиненталните ракети.

Меѓутоа, еден висок официјален претставник на Пјонгјанг неодамна рече дека се подготвени да испробаат интерконтинентална балистичка ракета „било кога и било каде“.

Аналитичарите предупредуваат дека воена акција против Северна Кореја може да биде катастрофална поради одмазда која речиси сигурно веднаш би следела и која би вклучила напад на јапонија и Јужна Кореја.

„Ако Ким Јонг-ум има нуклеарно оружје и балистички ракети, тој може да направи се што ќе посака. Светот мора да биде подготвен да се соочи со него“, изјавил Хо.

Тој тврди дека единствено решени е да се тргне Ким Јонг од чело на Пјонгјанг.

„Ким е способен да убие и кои било членови на неговото семејство ако му застанат на патот“, заклучил поранешниот севернокореански дипломат.

 

 

Северна Кореја: Ако ги засилите санкциите, ќе се осветиме

Северна Кореја предупреди дека ќе се освети ако меѓународната заедница ги засили санкциите поради неодамнешното тестирање на оружјето кое таа држава го спроведе, пренесе АФП.

 

Ова предупредување следеше откако претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека неговата држава е подготвена сама да го смири Пјонгјанг ако Кина не сака да помогне.

Како што се наведува, аналитичарите од САД сметаат дека Северна Кореја подготвува нов атомски тест, а до сега извела пет тестови, од кои два во минатата година.

Крајно сериозно треба да се сфатат неговите закани со атомското вооружување, Ким Јонг-ун
Крајно сериозно треба да се сфатат неговите закани со атомското вооружување, Ким Јонг-ун

 

Министерството за надворешни работи на таа држава го обвини официјален Вашингтон заради грубата реторика и здружените воени вежби со Јужна Кореја и Јапонија.

„Невнимателните акции“ доведуваат до тензија на корејскиот полуостров и ситуацијата ја доведуваат до „работ на војна“, изјави портпаролот на министерството на таа земја за државната агенција КЦНА.

Тој додал дека ним не им останува ништо друго туку да превземат неопходна провокација.

Соопштението е дадено непосредно пред првиот состанок меѓу Трамп и претседателот на Кина, Си Џинпинг, оваа недела на Флорида.