Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра

октомври 20, 2026

УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер

октомври 20, 2026

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
  • Албанската влада разгледува намалување на возраста за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
  • ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Поднесени седум амандмани на уставните измени – од независната пратеничка група, Алијансата на Албанците, Беса и Мухамед Зекири
Македонија

Поднесени седум амандмани на уставните измени – од независната пратеничка група, Алијансата на Албанците, Беса и Мухамед Зекири

декември 18, 2018Updated:декември 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

До Собранието на Република Македонија во законскиот рок пристигнале седум амандмани на предлог-амандманите на Уставот и тоа два од Алијанса на Албанците, еден од Беса, еден од пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири и три од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Амандмани не поднеле пратеничките групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.

Зијадин Села и Сурија Рашиди од Алијанса на Албанците имаат еден амандман на Предлогот на уставниот закон за спроведување на уставните амандмани со кој бараат во членот 2 став 2 зборовите „македонско/граѓанин“ да се заменат со зборот „граѓанин“, а во образложението навеле дека тоа се бара за да се овозможи еднаквост во изразување на државјанството на сите граѓани на Република Македонија.

Пратениците на Беса Фадил Зендели и Теута Билали исто така бараат интервенција во истиот став на уставниот закон и но тие предлагаат овој став два да гласи „Од денот на влегување во сила на амандманот XXXIII, граѓаните на Република Северна Македонија имаат државјанство на Република Северна Македонија“.

Амандман за истиот став од членот 2 на уставниот закон има поднесено и Мухамед Зекири од СДСМ. Овој пат неговото барање е допрецизрање на ставот со тоа што на крајот на реченицата да се додадат зборовите „што не ја определува ниту пак ја прејудицира етничката припадност на граѓаните“.

Сличен амандман на овој има поднесено и Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие предлагаат во членот 2 став 2 по зборот „Македонија“ да се додадат збороите „со што не ја предодредува етничката припадност на граѓаните“. Амандманот го предлгаат, како што наведуваат во образложението, за да се постигне дистинкција меѓу државјанството и етничката припадност на сите граѓани на Република Македонија. „Овој амандман докажува дека не сме и нема да бидеме северномакедонци, туку сме и ќе бидеме Македонци, како што и другите припадници се и ќе бидат Албанци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други“, пишува во облазложението потпишано од Елизабета Канческа Милевска, Нола Исмајловска Старова, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова и Зекир Рамчиловиќ.

Вториот амандман на Села и Рашиди од Алијанса на Албанците се бара во уставниот закон за прогласување на амандмамните да се додаде член 1-а и предлагаат тој да гласи „Државната граница на Република Македонија е нејзината постојна граница со Република Албанија, република Бугарија, Република Грција, Република Србија и Република Косово“. Во образложението тие меѓудругото наведуваат вакво нешто е неопходно бидејќи Република Македонија ја признала Република Косово.

Пратениците од независната пратеничка група имаат поднесено амандман со кој бараат менување на членот 1 став 2 од уставниот закон и предлагаат тој да гласи: „ Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија не произведуваат правно дејство, не влегуваат во сила и се неважечки доколку веднаш не се исполнат условите утврдени во ставот 1 на овој член„. Амандманот го предлагаат со цел да се загарантира позицијата на Република Македонија во спроведувањето на Преспанскиот договор и Протоколот за НАТО.

Исто така тие имаат и трет амандман со кој се предлага во член 1 став 2 од уставниот закон на крајот на реченицата се додаваат зборовите „и Собранието на Република Македонија веднаш пристапува кон измена на Уставот на Република Македонија“. И ова се Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, го предлага, како што се наведува, со цел да се згарантира позицијата на Република Македонија во спроведувае на Конечната спогодба.

Седницата на собраниската Комисија за уставни прашања почнува попладнево, додека пленарната седница се очекува да биде закажана од 9 јануари следната година. Ова е трета и последна фаза од уставните измени кои се правата согласно Договорот од Преспа.

амандамни независни пратеници собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.