Одобрен нацрт закон за „Турски тек“

Комисијата за надворешни врски во Парламентот на Турција го одобри нацрт законот за изградба на гасоводот „Турски тек“.

Се очекува дека нацрт законот за ратификација за спогодбата меѓу Турција и Русија ќе биде потврден пред посетата на турскиот премиер Бинали Јилдирим на Москва, која е закажана за 6 и 7 декември.

turski-tok

Планирано е дека до 2019 година во рамки на проектот ќе бидат изградени два крака од магистралниот гасовод по дното на Црно мора.

Капацитетот на секој крак пооделно ќе биде 15,75 милијарди кубни метри гас.

gasovod

Еден крак е предвиден за испорака на гас на турскиот пазар, а другиот за транзит на гасот низ Турција во европските земји.

Изградбата на вториот крак зависи од тоа колку Европската унија ќе биде заинтересирана за руски гас, како и од гаранциите на Москва.