Од вторник да почне исплатата на септемвриските пензии

Владата на денешната седница им препорача на банките да почнат со исплата на септемвриските пензии од вторник наредната недела.

Пензионерите кои не користат картички, а имаат пензија до 11.000 денари ќе можат да ја земат септемвриската пензија во вторник, додека пензиите до 14.000 денари ќе бидат исплатени во среда.

Во четврток во банките ќе бидат исплатени пензиите до 18.000 денари, а во петок, на 1 октомври, ќе бидат исплатени пензиите над 18 илјади денари.