Од денеска влез во угостителски објекти само со примени две дози вакцина

LinkSense.mk

Министерството за здравство вчера информираше дека од денеска за влез во угостителските објекти, е потребно да имате сертификат потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или – сертификат потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.

Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани , што побрзо да го направат тоа.

Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот информираат од МЗ.