Олеснети мерки за влез во Црна Гора за граѓаните од државите во регионот

Националното координативно тело за инфективни болести (НКТ) на Црна Гора синоќа, на предлог на Институтот за јавно здравје во земјата, одлучи да ги ублажи условите за влез во Црна Гора на жителите од регионот и на црногорските граѓани кои накратко патуваат во некоја од земјите од соседството.

Како што соопшти Институтот, како и досега, можен е влез во Црна Гора без дополнителни услови за жителите на земјите од „зелениот список“, додека жителите на земјите од „жолтиот список“ можат да влезат во Црна Гора со позитивен резултат на серолошки тест – антитела на класата IgG. , што го издава регистрирана лабораторија и не е постар од 30 дена.

„-Жителите на сите земји од „жолтиот список “,исто така, можат да влезат во Црна Гора со негативен резултат на серолошкиот тест за класата антитела на IgM или со негативен резултат на PCR тест за новиот коронавирус (SARS-CoV-2), што се издадени од регистрирана лабораторија и не се постари од 72 часа. Условот е лицето да не престојувало во некоја од земјите од „црвената листа“ во период од 15 дена пред влегувањето во Црна Гора, односно во една од земјите од кои не е дозволен влез во Црна Гора “, соопшти Владата на Црна Гора.

Владата соопшти и дека е олеснет влезот за црногорските државјани и странците кои трајно или привремено престојуваат во Црна Гора од земјите од регионот, во случај да престојуваат во тие земји до 48 часа.

„По враќањето во Црна Гора, на овие лица им е пропишана мерка за здравствен надзор што подразбира слободно движење, но секојдневно следење на симптомите и пријавување до надлежниот лекар до истекот на Одлуката издадена од санитарната инспекција по враќањето“, соопшти Владата.