ОН: Бројот на бегалци во светот достигна светски рекорд – 48 милиони луѓе

LinkSense.mk

Бројот на мигранти кои бараат подобар живот достигна светски рекорд – 48 милиони луѓе се бегалци од нивните земји поради разни видови конфликти, изјави специјалниот известувач на ОН за внатрешно раселени лица Сесила Хименез-Дамари за време на говорот пред Третиот комитет на Генералното собрание на светската организација.

– Бројот на луѓе кои ја напуштаат својата татковина поради вооружени конфликти и насилство достигна 48 милиони ширум светот. Ова е највисокиот број бегалци досега регистрирани, додаде Дамари.

Таа смета дека се повеќе луѓе, поради климатските промени, ќе ги напуштаат своите домови во потрага по храна.

Исто така вели дека зголемениот проток на мигранти ќе биде следната пандемија со која се соочуваат земјите во светот.