Најмалку 110 лица се повредени во невремето што во средата доцна вечерта го зафати северот дел на Италија.
Погодени се делови од североисточната провинција Венето, објави регионалниот претседател Лука Зала.
Град со големина на тениски топчиња предизвика сериозни штети во делови од тој регион.
https://youtu.be/iawm1pVyUVQ
Посебно се погодени Тревизо, Венеција, Падова и Виченца, пишува ДПА.
Противпожарните служби биле повикани повеќе од 200 пати од средата навечер, главно за расчистување на дрвата од улиците и за поправка на покриви.







