Општина Центар отстранува импровизирана градба од ресторан на Водно

„Акцијата за отстранување нелегалним објекти на територијата на Општина Центар денеска опфати отстранување импровизирана градба од ресторан на улица „Славејко Арсов“ бб на Водно“, информираат од Општината.

Општината пристапила кон присилно административно извршување бидејќи, инвеститорот, Вандербилт Тенис Клуб ДООЕЛ Скопје, не постапил по претходно издаденото решение за самостојно отстранување на градбата од Општина Центар.

„Со денешната активност е опфатено отстранување на ресторан на улица „Славејко Арсов“ бб, со пропратни објекти–санитарен јазол и шанк со димензии 19,20 м х 9,60 метри и 4,50 м х 5,50 метри, изградени од челична конструкција и греди, објекти во градба за што градителот на поседувал соодветна одобрена документација во согласност со членот 137 став 4 од Законот за градење“, стои во соопштението од општина Центар.

Од Општината информираат дека акцијата за отстранување на дивоградбите продолжува и во наредниот период, со што се опфатени 18 нелегално поставени и изградени објекти