Општина Чашка го асфалтира патот за село Бусилци

Општина Чашка преку ангажирање на градежни фирми десетина дена работи на комплетно асфалтирањето на патот кон село Бусилци во должина од 1,8 км. Средства се обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.

Како што информира градоначалникот Горан Стојановски со тоа се придонесува кон создавање на подобри услови за живеење подеднакво за сите жители од Општина Чашка.