Додека неговата мајка била во Португалија, 16-годишно момче од Вортхинг, во југоисточна Англија, решило дома да покани неколку пријатели. Неговиот татко, инаку директор на консултантска фирма, немал ништо против „вообичаеното младешко дружење“ што неговиот син го договорил за во петокот после училиште. Но, во неговата куќа одеднаш упаднале над 200 луѓе!
Имено, се ескалирало кога некој, без знаење на момчето, деталите за собирањето ги објавил на Снепчет и другите социјални мрежи, после што многу непознати лица сами си се поканиле на имотот.
„На почетокот се беше мирно и добро се забавувавме. Времето беше убаво и сакавме да излеземе во градината, но по неколку минути почнаа да пристигнуваат многу луѓе што никогаш во животот не сум ги сретнал. Сестра ми учтиво ги замоли оние што не беа на списокот да си заминат. Но, групата постојано се зголемуваше и стануваше се поголема и поголема. Некои несакани гости беа многу пијани и агресивни, минуваа низ дворовите на нашите соседи, па во еден момент моравме да повикаме полиција која на крајот ги избрка од нашиот имот користејќи мегафон“, изјави за Дејли Меил видно шокиран 16-годишникот.
Во општиот хаос било нападнато едно 18-годишно момче, а разулавените натрапници со скршено шише ги исекле гумите од автомобилот на родителите на домаќинот, а оштетиле и други возила во соседството.
„Поканив 40-тина пријатели, а на крајот пред куќата имаше стотици луѓе! Оние најпроблематичните не знам од каде излегоа, тие не се од моето училиште. Забавата планирав да ја направам на почетокот на февруари, но морав да ја одложам. Претпоставувам дека информациите за новиот датум во меѓувреме неконтролирано се проширија на социјалните мрежи. Многу забави дома сум организирал кај нас дома, но вакво нешто никогаш не ми се случило“, додаде тинејџерот.
Неговата мајка се вратила од Португалија на почетокот на неделата.
„За среќа нема направена штета на куќата или во градината. Сопругот и синот ја направиле вистинската работа што повикале полиција, но сето ова многу го вознемири мојот син. Ние сме многу друштвено семејство и нашата врата е секогаш отворена за неговите пријатели, но во петокот вечерта било катастрофа“, заклучи таа.
(Фото: Скриншот / „Х“)







