Дилемата на кочанските земјоделци за тоа дали да се сади ориз или не станува сѐ поголема поради состојбите со досегашниот откуп на минатогодишната реколта.
Откупот на веќе произведените количества ориз стагнира поради политичка состојба.
Земјоделците чекаат да се смират политичките состојба во државата, да се формира влада, па потоа да се преговара за цената и за откупот.
Сега за сега цената ја диктираат неколкуте откупувачи што оперираат во тој регион.
Земјоделците тврдат дека се нудат ниски цени, кои не обезбедуваат исплатливо производство.
Цените за килограм предадена арпа што им ги нудат откупувачите, меѓу 10 и 15 денари, се многу пониски од трошоците за производство.
Допоилнително, проблем прави и увоз на турски и кинески ориз.
За пласманот и откупните цени здруженијата на оризопроизводителите од Кочанско последен пат во ресорното министерство преговараа во октомври. Тогашните најави за откупни цени за оризова арпа од 20 до 25 денари за килограм не се остварија досега.
Кочанскиот ориз од 1999 година е првиот заштитен производ со ознака на потеклото од Република Македонија.







