Османи, Ангелов и Гир на средба со млади од различни институции

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има средба со претставници на младите од различни институции и организации во Република Северна Македонија.

Како што соопштуваат од МНР, оваа средба се одржува со цел размена на мислења и отворање дискусија за младинските политики и нивната инклузија во актуелните процеси на национално и регионално ниво.

На средбата ќе присуствуваат и бугарскиот амбасадор Aнгел Ангелов, евроамбасадорот Дејвид Гир и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.