Османи во Ватикан на централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска заминува во посета на Ватикан, по повод централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, што прв пат е во заедничка организација на Министерството за надворешни работи и Светата Столица, соопшти МНР.

Во рамките на одбележувањето, Османи ќе ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка од Скопје до Светица“, во присуство на ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер, по што ќе следува и прием во присуство на високи гости и претставници на Рим и Ватикан.