Османи во посета на Албанија

LinkSense.mk

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе оствари повеќе средби со државниот врв на Република Албанија, во рамки на еднодневната работна посета на Тирана.

Како што информираат од неговиот кабинет, Османи, ќе се  сретне со претседателот на Република Албанија Илир Мета, претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи, министерот за Европа и надворешни работи Дитмир Бушати и со претседателот на Демократската партија на Албанија Љуљзим Баша.

Како што е најавено, на средбите ќе се разговара за билатералната и регионална соработка, проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан како и за унапредување на меѓусебните односи на Република Македонија и Република Албанија.