Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Односите во ЕУ се сложени, но очекуваме позитивен развој на настаните
Политика

Османи: Односите во ЕУ се сложени, но очекуваме позитивен развој на настаните

декември 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Секретаријатот за европски прашања денеска во Струга ја одржува годишната конференција „Заедно кон ѕвездите“, на која се врши пресек на досега сработеното во областа на европските интеграции, а ќе бидат отворени и темите поврзани со
перспективите и очекувањата од новата Европска Комисија, иницијативите на клучните земји – членки за иднината на Европа, како и можностите на СЕП и воопшто на земјава, за усогласување со новите европски перспективи.

На воведниот дел од конференцијата насловен „Состојбата со Европските интеграции на Република Северна Македонија, предизвиците и можностите по октомврискиот самит на ЕУ” свое обраќање имаше заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Тој односите во самата ЕУ во овој миг ги оцени како доста сложени, но со очекувања за позитивен развој на настаните, преку изнаоѓање начин како земјата да ги отпочне претпристапните преговори за членство во Унијата.

Османи забележа дека самите односи во рамки на ЕУ и натамошната динамика на нејзиното проширување се одвиваат со, како што рече, „далеку помала предвидливост“.

„Земјата беше подготвена за почеток на преговори за членство, Но, беше направена грешка, а сега сите се обидуваат да најдат начини како да се поправи таа грешка. Прво тоа беше францускиот нон-пејпер како писмо со намери, како и вчера објавениот нон-пејпер на девет членки на ЕУ, кој е развивање на француската идеја во подобра насока, имајќи ги предвид нашите укажувања дека има прашања кои ние не можеме да ги прифатиме“, рече тој, оценувајќи го тој процес како позитивен развој на ситуацијата.

Османи изрази очекување дека Европската комисија наскоро ќе предложи нова методологија за проширување на ЕУ.

„Ако во февруари имаме вонреден извештај на Комисијата што ќе биде позитивен, тогаш во март можеме да имаме услови за некаква одлука. Меѓутоа, премногу се сложени односите во ЕУ, важно е ние да сме подготвени, ако можеме до тогаш да го донесеме законот за јавно обвинителство“, рече Османи.

Што се однесува на препораките на Венецијанската комисија за Законот за јазици, Османи истакна дека истите ќе се применат, со забелешка дека ќе се води сметка неговата имплементација да нема негативни влијанија врз останатите општествени процеси во земјата.

„Во сегашниот Закон за јазици има преодна одредба што дозволува една година за усогласување на легислативата. До април сме во таа преодна одредба, а пет месеци се доволно за изградба на капацитети за да нема никакви реперкусии. Прашањето на исполнување на препораките ќе биде преку акциони планови, но Законот нема да се менува. За Венецијанската комисија не е важно на кој начин, туку дали ќе се постигне целта. Целта ќе се исполни преку изградба на капацитетите, а имплементацијата на Законот само позитивно ќе се одрази врз општествените процеси во државата“, оцени Османи.

Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија Ерван Фуере ги поздрави огромните напори што се прават во рамки на ЕУ во насока на отпочнување на претпрестапните преговори.

„Очигледно е дека постојат различни ставови околу тоа, особено кај француската Влада, но Европската комисија отпочна процес на сублимирање на тие различни ставови, позиции, со цел да изготви документ што ќе го презентира на земјите-членки за тоа како треба да течат преговорите. Мислам дека ќе биде предизвик да се постигне консензус по тоа прашање до март, но мораме да работиме најдоцна до
јуни формално да започнат претпристапните преговори“, рече Фуере.

По однос Законот за јазици Фуере посочи дека секоја легислатива што се однесува на правата на етничките заедници е мошне чувствителен, оттаму важноста внимателно да се пристапува кон препораките на Венецијанската комисија, во насока тоа прашање да не стане предмет на поделби внатре во земјата, особено во овој миг кога сите активности се насочени кон подготовки за почеток на претпристапните преговори.

„Уште еднаш би препорачал внимателно да се разгледаат препораките на Венецијанската комисија, тоа е тело што има соодветни познавања и кредибилитет што треба да се почитуваат“, рече Фуере.

На годишната конференција на СЕП учествуваа и Џулијан Васал, Заменикшеф на Делегацијата на ЕУ во земјава и раководител на Оддел за политички прашања, Амер Капетановиќ, Шеф на политичкиот оддел при Советот за Регионална Соработка (RCC), Ерван Фуере, поранешен евроамбасадор во Република Северна Македонија, како и Франсоа Лафонд, и Золтан Марку, советници на ЗПВРСМ Османи делегирани во СЕП соодветно од владите на Франција и Унгарија.

Во своите обраќања, говорниците го поздравија напредокот на земјата, како резултат на посветеноста на Владата, но и работата на СЕП, при што упатија пораки дека во претстојниот период до конечното утврдување на новата методологија треба да продолжи спроведувањето на реформите, бидејќи трансформацијата на општеството согласно стандардите и правилата на ЕУ е значајно за земјава и за подобрување на животниот стандард на граѓаните кои живеат овде, а не за Унијата.

актуелно ЕУ односи Османи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.