Осомничениот за масакрот во Берлин убиен во Милано

Италијанскиот министер за внатрешни работи Марко минити изјави денес дека убиениот во престрелката со полицијата во Милано „без трошка сомнеж“ е лицето кое го изврши нападот на бижикниот панаѓур во Берлин.

Минити рече дека после неопходните проверки е утврдено дека убиеното лице е Анис Амри, осомничениот за терористичкиот напад.

tunizanec-ubistvo-1

Германските власти веднаш биле информирани за вооружениот инцидент во Милано.

Минити потенцираше дека двајцата полициски службеници кои го запреа Амри „направиле неверојатна услуга за заедницата“.

Италијанската агенција АНСА претходно јави дека главниот осомничен за нападот во Берлин убиен е во престрелка со полицијата во милано, додавајќи дека до тоа дошло утрината околу 03.00 часот во миланската населба Сесто Сан Џовани при рутинска полициска контрола.

tunizanec-ubistvo-2

АНСА наведе дека лицето извидило пиштол од својот ранец кога полицајците побарале од него да ги покаже личните документи, а дека е убиено во пукотниците кои уследиле.

Во инцидентот еден полицаец е ранет.

tunizanec-ubistvo-3

Италијанската новинска агенција пренесе, повикувајќи се на повеќе извори од Милано и Рим, дека убиеното лице е Анис Амри, Тунижанец осомничен за терористичкиот напад со камионот во Берлин во кој во понеделникот се убиени 12 лица.

АНСА од извори од антитерористичката единица на полицијата дознава дека Амри го идентификувале врз основа на физичкиот изглед и отпечатоците на прстите.

tunizanec-pasos

Властите во Италија наведуваат дека Амри во Европа користел шест различни имиња и имал три државјанства.

Тој од 2011 до 2015 година бил во затвор во Италија затоа што подметнал пожар во училиште.

Постојат информации кои укажуваат дека Амри, наводно, за време на Арапската пролет во 2011 година со брод стасал на островот Лампедуза, во близина на афричкиот бред, и се претставувал како малолетник иако тогаш имал 18 години.

Пред и после нападот Амри се криел во џамија

Анис Амри, бил снимен на безбедносни камери, а на снимките се гледа дека пред и после извршениот терористички напад бил во џамија.

tunizanec-ubistvo-kameri

Дваесет и шетиригодишниот Тунижанец е снимен како на 14 и 15 декември излегува од џамија во Берлин.
Потоа е повторно снимен неколку часа после нападот во понеделникот во истата џамија.
Во таа џамија полицијата направила рација.