Осум рудари загинаа во рудник за бакар

Спасувачки екипи вечерва успеаја да дојдат до телата на затрупаните рудари на југозападот на Полска каде што загинаа осум рудари, а девет се повредени.

Тоа го соопшти директорот на рудникот за бакар Рудна крај Полковиц, Павел Марковски.

A miner works at copper ore at Polkowice-Sieroszowice mine, part of KGHM, in southern-western Poland

Најголемиот рудник за бакар во Полска, сопственост на државната компанија „КГХМ“, во вторникот вечерта го погоди потрес со јачина од 3,4 степени според Рихтер со епицентар на длабочина од 1.500 метри, а одронот што следел зароби 30 рудари.

Шест рудари се префрлени во болница и се во стабилна состојба, а тројца имаат лесни повреди и од утре најверојатно ќе бидат пуштени дома, соопштија од болницата во Глогов.

rudnik

„Кога се случува потрес и одрон на земја во рудник за бакар, како во овој случај, проблемот е како спасувачките екипи да стасаат до луѓето. Во рудниците за бакар рударите се оддалечени, не се во групи како што се во рудниците за јаглен, и тоа ја комплицира спасувачката акција, но вентилацијата е тука подобра и не им се заканува опасност да останат без воздух, изјавила за телевизијата ТВН24 портпаролката на Дирекцијата за рударство, Јоланта Таларчик.

За затрупаните рудари во тешки услови – на температури до 30 степени и со висока влажност, од вчеравечер трагаа девет екипи со вкупно 45 спасувачи.

premier-polska

Премиерката Беата Шидло ја откажа денешната седница на Владата, а попладнето, додека сеуште имало надеж дека ќе ги најдат рударите живи, го посети рудникот и вети помош за семејствата на настраданите.

Истрага за несреќата поведоа обвинителството и Дирекцијата за рударство, за да проверат дали „КГХМ“ и управата на рудникот ги исполниле сите законски обврски за заштита при работа.

rudnika-naslovna

Во рудникот Рудна денес е објавена четиридневна жалост.

Рудна, според соопштението на „КГХМ“ е најголем рудник за бакар во Европа.
Од 1974 године, кога почнала експлоатацијата, дава во просек околу 12 милиони тони руда годишно.