Откажани повеќе настани поради трагичниот настан во Тетово

Претседателот, Стево Пендаровски, ги откажа најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста, поради пожарот во модуларната болница во Тетово во кој синоќа загинаа најмалку 14 лица.

Пендаровски изрази сочувство до семејствата.

„Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување“, напиша Пендаровски на „Фејсбук“.

Во пожарот кој избувна синоќа околу 21 часот и во кој целосно изгоре ковид – центарот во Тетово загинаа најмалку 14 лица. Според првичните сознанија на обвинителството, меѓу жртвите нема медицински песронал. Причините за пожарот се утврдуваат.