– Вкупно 215 возила се отстранети со специјалните возила „пајак“ од јавните површини на Град Скопје во текот на изминатата недела, поточно од 4 до 10 овој месец. Триесет од нив се отстратени од зонските паркиралишта, а останатите 185 по налог на сообраќајната полиција по разни основи за непрописно паркирање.
Во истиот период контролорите на зонските паркиралишта санкционирале 342 возила поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 30 возила се отстранети со „пајак“ службата поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возилата да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркингуслугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Град Скопје.







