Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Офанзивна посета на Заев на Брисел
Македонија

Офанзивна посета на Заев на Брисел

мај 19, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев утринава ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, во последен обид во седиштето на Европската унија да ги презентира македонските аргументи за формален почеток на преговорите за членство. Ова е втора посета на македонскиот премиер на Брисел во рок од само една недела.

Минатата седмица тој се сретна со претседателката на Европската Комисија и со шефот на дипломатијата на ЕУ.

Иако Европскиот Совет не носи одлуки, тоа е клучното тело каде се цртаат и одредуваат политиките на Унијата, а Мишел има улога да изгради компромис помеѓу 27-те шефови на држави и влади на ЕУ.

Се очекува премиерот Заев денеска и на Мишел да му ги повтори аргументите дека е нужно Македонија да ја одржи првата Меѓувладина конференција пред крајот на португалското претседателство, за да се зачува и подобри кредибилитетот на
Европската Унија како во земјата така и во целиот регион.

Македонија заедно со Албанија во март 2020 едногласно доби зелено светло од сите 27 членки на Унијата дека треба да започне преговори со ЕУ, но Бугарија го блокира усвојувањето на преговарачката рамка поради билатерален идентитетски спор.

Повеќето земји членки на ЕУ отворено изјавија дека не ја поддржуваат Бугарија во оваа блокада, но останува дека Софија има право да стави вето и дека само со согласност од сите 27 земји на ЕУ може да се усвои рамката за Македонија и да се одржи првата Меѓувладина Конференција.

Оваа конференција всушност го означува формалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Зоран Заев минатата недела од Брисел повтори дека нема да прифати почеток на преговори по цена на македонскиот идентитет и јазик.

„Македонскиот јазик стои во нарт преговарачката рамка, а таа мора да биде усвоена и од Северна Македонија за да биде важечка“.

Ова премиерот им го порача на сите свои соговорници и се очекува повторно тоа да го стори со Шарл Мишел денеска.

Тој ќе потсети и дека од односот кон Македонија зависи кредибилитетот на Унијата во целиот регион, но и дека во прашање е и регионалната стабилност.

Заев вчера учествуваше на лидерска средба на шесте земји од Западен Балкан, на покана на високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, на која фокус беше геополитичкиот аспект на односите ЕУ-Западен Балкан, но се разговарало и за ЕУ перспективата на сите шест држави кои во последниот период е значително отежната и забавена.

„Македонија ги заврши сите свои обврски што произлегуваат од листата со критериуми за почеток на завршниот преговарачки процес за пристапување во членство во Европската Унија. Тоа Европската комисија го препозна и во нејзините извештаи за напредокот на земјата до Европскиот совет и до лидерите на земјите членки на ЕУ многу јасно стави до знаење дека земјата има безусловна препорака за почеток на преговорите“, нагласи вчера премиерот Заев.

 

 

(Фото: МИА)

актуелно Брисел бугарија Европска унија Зоран Заев Софија шарл мишел
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.