Пад на вредноста на турската лира

Турската лира утринава имаше остар пад на вредноста, откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган минатиот викенд го отпушти шефот на Централната банка, критикувајќи го дека каматните стапки во земјата се високи.

Курсот на доларот во однос на лирата утринава скокна за околу 12 проценти, на 8,05 лири за долар, што е најголем дневен пад на турската валута од август 2018 година и тогашната финансиска криза.

„На властите во Турција им преостануваат два избори – или ќе кажат дека ќе ги користат каматните стапки за да го стабилизираат пазарот или ќе воведат контроли на капиталот. Верувам дека Ердоган ќе се определи за второто“, изјави Пер Хамарлунд, стратег за пазарите во развој во СЕБ Рисрч.

Ова нарушување на турскиот финансиски пазар не се очекува да влијае врз другите земји во развој.