Памела во „шема“ со Асанж?

Актерката Памела Андерсон го посети основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во Лондон, петти пат од ноември лани до сега.

Почнала да го посетува, наводно, за да ја поддржи нејзината нова организација за заштита на сексуално злоупотребуваните жени.

Странските медиуми пишуваат дека тие се во врска, а озборувањата ги подгрева и тоа што четириесет и деветгодишната секс бомба секој пат го посетува Асанж во се попровокативни изданија.