Зоолошката градина во Брисел е евакуирана денеска откако лавица побегна од кафез, соопштија од Зоолошката.
Никој од посетителите не е повреден, а зоолошката градина е затворена, се вели во соопштението, пренесува АП.
Како што се наведува, лавицата побегнала од кафезот веднаш по отварањето на зоолошката во која во тоа време биле само неколку посетители.







