Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПАНИКА ВО ХОЛАНДИЈА: Мистериозна пневмонија пристигна во Европа, масовно се разболуваат деца
Во Фокусот

ПАНИКА ВО ХОЛАНДИЈА: Мистериозна пневмонија пристигна во Европа, масовно се разболуваат деца

ноември 29, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Холандија е откриен загрижувачки пораст на случаите на воспаление на белите дробови кај децата, состојба слична на таа што е во моментов во Кина, пишува „Дејли Мејл“.

Холандските здравствени експерти велат дека главно станува збор за луѓе на возраст од пет до 14 години.

Податоците покажуваат дека нивото на болеста, која може да биде опасна по живот, сега е речиси двојно поголем од врвот забележан минатата година.

Оваа вест доаѓа во исто време додека Кина се бори со сопствениот „мистериозен“ пораст на бројот на случаи на пневмонија, а медиумите известуваат дека болниците се „пренатрупани со болни деца“.

Видеата кои потсетуваат на сцените од најмрачните денови на Ковидот, покажуваат здравствени работници во заштитни одела, со ракавици и со маски како прскаат со средства за дезинфекција во училиштата, ходниците и на отворени простори.

Надлежните во Пекинг велат дека виновник за ваквата состојба не е некој нов вирус, туку тврдат дека порастот е резултат на бранот сезонски заболувања кој е посилен од вообичаено, со оглед на тоа што земјата се соочува со првата зима без ковид ограничувања.

Но, здравствените власти во Велика Британија велат дека ќе почекаат во врска со конечен заклучок за тоа што предизвикува толку многу заболувања.

Холандскиот институт за истражување на здравствени услуги (НИВЕЛ) соопшти дека веќе од август е забележан зголемен број на пациенти со пневмонија кои доаѓаат кај својот лекар од општа пракса.

Пневмонијата обично е предизвикана од бактериска или вирусна инфекција, а до оздравување доаѓа за околу две недели.

Главните симптоми се кашлица, отежнато дишење и треска.

Меѓутоа, некои луѓе можат многу да се разболат, особено оние над 65 години, бебиња или мали деца и оние со белодробни заболувања.

Податоците на НИВЕЛ покажуваат дека во неделата заклучно со 16 ноември, на 103 од 100.000 деца на возраст од пет до 14 години им била дијагностицирана пневмонија.

„Пикот“ минатата година беше 58 случаи на 100.000.

Податоците од клиниките за општа пракса, исто така, покажуваат дека повеќе пациенти на возраст меѓу 15 и 24 години имаат пневмонија од вообичаеното.

Случаеви има сè повеќе и кај децата на возраст под четири години, иако стапките на заболувања и понатаму се пониски отколку пред пандемијата.

Меѓутоа, инфекциите се намалуваат кај оние под 65 години. НИВЕЛ не понуди објаснување за наглото зголемување на случаите. Меѓутоа, Холандија во моментов се соочува и со пораст на случаите на грип, ковид и РСВ, а сите три вируси можат да предизвикаат пневмонија.

Професорот Иан Џонс, виролог на Универзитетот Рединг, вели дека „не е јасно зошто“ Холандија забележува зголемување на случаите на пневмонија – освен ако не ги бележат своите податоци „повнимателно и попедантно од другите“.

„Тоа би можела да биде локална сезонска епидемија која што случајно се совпаднала со случаите во Кина.

Пневмонијата може да има многу причини, така што се сомневам дека може правилно да се анализира додека не се дефинираат основните инфекции“, рече тој.

Официјалните лица во Пекинг првпат известија за пораст на респираторните заболувања за време на прес-конференцијата на 13 ноември, а тоа го припишаа на укинувањето на ковид ограничувањата.

Слични примери се видливи ширум светот, бидејќи мерките воведени за намалување на ширењето на Ковид – како маски за лице, физичка дистанцирање и карантин – го намалија ширењето на типичните сезонски вируси.

Мерките резултираа со пад на имунитетот кај населението, што значи дека луѓето беа поподложни на зарази откако се укинаа мерките.

Официјалните лица ги обвинија mycoplasma pneumoniae, респираторниот синцицијален вирус (РСВ), и Ковидот за наглиот пораст на случаите на пневмонија.

Но, после тоа, ПроМед – системот за надзор на болеста кој прв го забележа избувнувањето на ковид во 2019 година – минатата недела извести за кластери на недијагностицирана пневмонија кај децата.

„Овој извештај укажува на широко распространета појава на недијагностицирани респираторни заболувања.

Не е јасно кога болеста се проширила и многу е невообичаено толку многу деца да се разболат толку брзо“, истакнаа од ПроМед.

Предупредувањето ја поттикна Светската здравствена организација (СЗО) да ја повика Кина да сподели податоци за своите пациенти, неодамнешните трендови во циркулацијата на вирусот и бројот на пациенти во болниците.

Исто така, СЗО ги повика луѓето во Кина да се дистанцираат, да останат дома кога се болни и да носат маски.

 

(Фото: Детска болница во Пекинг – 29.11.2023 / Кјодо)

 

Меѓутоа, Кина инсистира на тоа дека за избувнувањето на болеста не е виновен ниту еден нов патоген, туку дека се работи за бран на стандардни сезонски заболувања.

СЗО дополнително објави дека виделе податоци кои сугерираат на тоа дека скокот на болеста е навистина само опоравувањето на сезонските вируси после строгите ковид ограничувања во Кина.

Но, Марија Ван Керкхова, вршителка на должноста директор на Одделот за подготовка и превенција од епидемии и пандемии на СЗО, рече дека порастот на заболувањата не е поголем од нивото пред Ковид.

Таа посочи дека се чини оти зголемувањето на вкупниот број случаи е предизвикано од зголемувањето на бројот на деца кои се заразени со сезонски вируси и дека нема индикации за нов патоген.

Меѓутоа, Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА) во петокот не ја исклучи можноста дека зад епидемијата стои нов вирус.

Професорката Џени Харис, извршната директорка на УКХСА, рече:

„Мораме да бидеме со отворен ум во врска со причините за какво било зголемување на заболувања, вклучувајќи ја и оваа болест кај кинеските деца.“

Во меѓувреме, се прошири снимка од здравствените работници во Кина како прскаат средства за дезинфекција по улиците и училиштата. Облечени во заштитни одела, со ракавици и маски, шетаат меѓу клупите во училниците, по ходниците, па дури и на отворено и прскаат сè со средство за дезинфекција. Видеото е објавено од њујоршката блогерка Џенифер Зенг, која вели дека снимката е направена во петокот во градот Санхе, на околу 65 километри источно од Пекинг.

Зенг, инаку член на Меѓународната новинарска асоцијација кој известува за Кина, рече дека Центарот за итни случаи и спасување во градот Санхе ја организирал дезинфекцијата која ја спровеле работници во заштитни одела.

Кина и претходно беше на удар на критики заради минимизирање на епидемијата на САРС во 2003 година и на пандемијата на Ковид на крајот на 2019 година – во двата случаја се работеше за нови вируси кои предизвикуваат пневмонија.

Бројни аналитичари истакнуваат дека ова зголемување на болеста е морничаво слично на извештаите што се појавија непосредно пред пандемијата на Ковид, за која Кина беше обвинета дека се обидува да ја прикрие.

Иако Кина инсистира дека може да се справи со ненадејното зголемување на болеста, локалните медиуми јавуваат дека здравствените установи се „пренатрупани со болни деца“.

Центарот за контрола и превенција на болести во Пекинг (ЦДЦ) соопшти дека повеќе од 3.500 пациенти со респираторни инфекции биле примени во детската болница во Пекинг на почетокот на октомври, објави Радио Слободна Азија.

Еден вработен на Клиниката за педијатрија во „Болницата на пријателство“ во Пекинг рече дека итни случаи за преглед чекаат и до 24 часа.

Кинеската социјална мрежа Веибо е преплавена со клипови од болнички чекални полни со деца.

Едно снимка сугерира дека во редот за кај лекарот се 700 луѓе, на друга, пак, е прикажано известување во регионална болница на кое пишува „Почитувани родители, многу деца се болни во моментот. За преглед се чека 13 часови“.

актуелно болест болница вирус Кина ковид пекинг пневмонија холандија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.