Папата Франциско ќе ја пренесе својата традиционална божикна порака од балконот на базиликата Св. Петар во Ватикан напладне по божикната миса. Поглаварот на Католичката црква ќе го даде благословот „Урби ет Орби“, што значи за градот и светот.
Се очекува папата да зборува против војните и насилството, бидејќи овогодинешните божикни прослави беа особено обележани со крвави борби во Украина и Газа.
Десетици илјади верници се очекува да се соберат на плоштадот Свети Петар за да ја слушнат пораката. Божик оваа година се слави многу тивко во Светата земја поради војната во Газа меѓу израелските сили и палестинските милитантни групи.
Во Витлеем на Западниот Брег под израелска окупација, родното место на Исус Христос, поради строгите контроли на израелските сили, речиси и да нема аџии или туристи.