Папата оди во посета на Кипар и Грција

LinkSense.mk

Папата Фрањо утре патува во петневна посета на Кипар и Грција со кои сака да ги зближи односите со Православната црква и да ги запознае со страдањата на мигрантите.

Неколку недели пред неговиот 85 роденден и неколку месеци после операцијата на дебелото црево во јули, тој и покрај пандемијата со корона вирус тргнува повторно на пат за да ги промовира двата приоритета од својот мандат.

Првата дестинација му е Кипар, од 2 до 4 декември, а потоа два дена ќе мине во Грција. Двете земји се мнозински православни, но во нив живеат десетици илјади католици.

Папата на патувањето ќе одржи десетина говори и ќе има низ состаноци со политички и верски лидери, вклучувајќи го и Јероним, поглаварот на Грчката православна црква.

Во симболичен чин папата Фрањо на 5 декември повторно ќе го посети островот Лезбос, важна точка за влез на мигрантите во Европа, каде што во април 2016 година ја кажа познатата реченица: „Сите ние сме мигранти“.

Во тоа време Европа беше соочена со голем бран бегалци од Сирија. Тоа прашање и денес е актуелно, од неодемнешната трагедија во каналот Ла Манш до напнатата состојба на границата меѓу Белорусија и Полска, каде што мигрантите кои очајнички се обидуваат да влезат во Европската унија, се блокирани на студ и во тешки услови.

Папата би требало повторно да го сврти вниманието на светот на мигрантската криза која ја смета за најлоша хуманитарна катастрофа од Втората светска војна.

Папата планира на Лезбос да пренесе хуманитарна, а не политичка порака“, изјави Јосиф Принтезис, надбискуп во чија надлежност се грчките острови.

Тој сака да ја подигне свеста на европските граѓани за бегалците, затоа што Медитеранот е полн со давеници“, додаде Принтезис.

Враќањето на Папата Фрањо на Лезбос е силна порака, особено што состојбата таму е влошена, истакна Роберто Цуколини, портпаролот на италијанската лаичка католичка заедница која им помага на мигрантите во Европа од 2015 година.

Папата сака да ја потсети цела Европа дека има заедничка одговорност“, рече Цуколини.

Посетата на Атина ќе го има во фокусот дијалогот со православните христијани. Планирани се две средби со архиепископот Јероним.

Папата сака да ги зајакне односите со православната заедница“, вели ватиканскиот експерт Марко Полити, додавајќи дека Фрањо искажува братство кон православните верници.

Првата одредиште од патувањето е Кипар каде што Папата треба да повика на единство и мир, информираат извори од Ватикан.

Тој медитерански остров е поделен од 1974 година. На југот е Република Кипар, членка на Европската унија, а од другата страна на границата е Турска Република Северен Кипар, која ја поризнава само Анкара. Мировните преговори западнаа во ќоркокак во 2017 година.

Во главниот град Никозија, кој е поделен на два дела со тампон зона од Обединетите нации, ќе го примат претседателот Никос Анастасиадес и кипарскиот надбискуп Кризостом.

Папата во петок ќе служи миса на стадион пред 7.000 луѓе и ќе одржи екуменска молитва со мигрантите во близина на зелената линија која го дели градот. Ова ќе биде 35-тото патување на Папата во странство од почетокот на понтификатот во 2013 година, а се случува на само неколку недели после посетата на Унгарија и Словачка.

Папата во март оваа година го посети Ирак после што призна дека се чувствува многу позаморен отколку после претходните патувања. Следната година тој ќе продолжи да патува кога планира да ја посети Австралија.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)