Папа Фрањо: Да се помолиме за Македонија

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо, повика за молитва за Македонија поради сериозната политичка ситуација во земјата и после насилните случувања во македонскиот парламент, во четвртокот минатата недела.

Папата повикот за молитва за Македонија го упати на Плоштадот свети Петар во Ватикан, пред повеќе од 10.000 верници.

Тој опширно им зборувал на верниците за ситуацијата во Македонија, барајќи конечно завршување на насилството и политичка и економска криза во државата.