Паѓа бројот на пчели во светот, Америка ја одобри првата вакцина за нив

LinkSense.mk

Пчеларите во Соединетите Американски Држави наскоро ќе можат да добијат вакцина која би можела да ги спаси нивните пчелни легла од најразорната болест која денес им се заканува на медоносните пчели. Лекот го разви биотехнолошка компанија „Далан“ (Dalan Animal Health), а неговата цел е заштита од американско гниење на леглата (AFB), болест предизвикана од бактеријата Paenibacillus larvae.

Вакцината се дава орално, односно се внесува во храната за пчелите работнички за да се навлезе во матичниот млеч со кој ја храни матицата.

Бактеријата ги напаѓа ларвите на медоносната пчела.

Еднаш откако ќе зарази кошница, тешко е да се искорени. Досега единствено ефективно средство беше палењето на пчелните сандаци, алатот и пчелите.

Сите заразени кои нема да изгорат може да преживеат 70 или повеќе години и да ја заразат следната колонија која ќе им се најде на патот.

Бактеријата може да ја совлада целата кошница за само три недели, и пчеларите често немаат доволно време за навремена реакција.

Во 2022 година, компанијата „Далан“ спонзорираше контролирано испитување за безбедноста и ефикасноста на вакцината АФБ и доби одлични резултати.

Лекот, за време на тестирањето, не само што ги заштитил „работничките“ и матицата од уништување, туку дал имунитет и на следната генерација поради неговото влијание врз јајниците на матицата.

Американското Министерство за земјоделство ќе даде двегодишна условна лиценца за вакцината на „Далан“, но постои голема веројатност дека дозволата за употреба ќе биде продолжена.

Компанијата во следните две години на пчеларите во САД ќе дистрибуира ограничена количина од вакцината. После тоа, ако се биде добро, на пчеларите би требало да им биде овозможен директен пристап до лекот.

Глобалниот пад на популацијата на медоносните пчели е сериозен проблем во нашето современо општество.

Само во САД, поради интензивните земјоделски методи, штетните пестициди, климатските промени и други фактори, од 1962 година нивната популација е намалена за 90 отсто. Ваквата состојба не само што влијае на екосистемот, туку и загрозува една третина од глобалното снабдување со храна.

Една неодамнешна студија на Универзитетот Харвард покажа дека несоодветното опрашување го намалува глобалниот принос на овошје, зеленчук и јаткасти плодови за 3 до 5 проценти.

Поради ова, многу луѓе ќе имаат проблеми да пристапат до поздрава исхрана. Значи, вакцината што ги штити пчелите може да не заштити и нас.