Педесетте најмоќни американски фамилии имаат 1,2 билиони долари

Во јавноста повеќе се зборува за најбогатите поединци, отколку за самите семејства. Тука пред се мислиме на Џеф Безос („Амазон“), Илон Маск („Тесла, „СпејсХ“), Бил Гејтс и останатите кои бројат милијарди.

Меѓутоа, малкумина знаат кои се фамилиите од Соединетите Американски Држави со по „девет нули“ во банка. Токму на таа тема се позанимава порталот „HowMuch“, на кој се истакнува дека 50 најбогати семејства во земјата поседуваат богатство вредно дури 1,2 билиони долари.

Главно станува збор за фамилии со долга традиција во некој бизнис и наследство, а поредокот којшто го наведува споменатиот портал ги преминува рамките на самите поединци во фамилијата. Наместо тоа, се однесува на богатството на повеќе генерации или проширени фамилии.

На прво место е семејството Волтон (Walmart) со 247 милијарди долари, а на второ се Кох (Koch Industries) со 100 милијарди долари. Следат семејството Марс (Mars Inc.) кое поседува околоу 94 милијарди долари, додека на четвртото место се Каргил-Макмилан (Cargill Inc.) со богатство вредно 47 милијарди.

Петтото место им припаѓа на семејството Лаудер (Estee Lauder), кое има вкупно 40 милијарди долари, а само три помалку поседуваат С.Ц. Џонсон (SC Jonson).

Понатаму се нижат следните американски семејства: Едвард Џонсон (Fidelity) со 36 милијарди долари и Кох (Coh Enterprises) со 34,5 милијарди долари.

На последните две места, од десетте, се семејствата Прикер (Hyatt Hotels), со 32,5 милијарди долари и НЈухаус семејството (Conde Nast) кое во банка чува 30 милијарди долари.