Педро Санчез: „Шведска и Финска ќе бидат на самитот на НАТО во Мадрид!“

LinkSense.mk

Шведска и Финска, кои минатата недела ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО, ќе присуствуваат на самитот на Алијансата во Мадрид во јуни, изјави шпанскиот премиер на форумот во Давос.

Двете нордиски земји, се разбира, ќе бидат во Мадрид на самит на 28 и 30 јуни, рече Педро Санчез, кој за тоа беше прашан од претседателот на Светскиот економски форум, Борг Бренде.

Тоа се две големи демократии… и верувам дека е многу важно да ги имаме како сојузници на НАТО“, продолжи Санчез.

Атмосферата, актуелниот контекст и политичката желба на сојузниците е да работат на прашањето за тие две земји“, рече шпанскиот социјалистички лидер.

Тој нагласи дека Шпанија ќе го „забрза парламентарниот процес“ кога ќе се постигне ратификација на пристапот на двете земји.

Како последица на руската инвазија на Украина, Финска и Шведска официјално поднесоа барање за влез во НАТО минатата недела, но Турција се спротивстави на членството на двете земји во воениот сојуз.

Санчез рече дека главната цел на самитот во Мадрид ќе биде „единство на сојузниците“ и единство „меѓу НАТО и ЕУ“.

Неформалната вечера“ за време на самитот меѓу земјите од ЕУ и НАТО е во подготовка“, додаде тој.