Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Добивме понуда за членство во Европската економска заедница, но одбивме
Политика

Пендаровски: Добивме понуда за членство во Европската економска заедница, но одбивме

декември 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Северна Македонија на денешната конференција за Западен Балкан организирана од Пријателите на Европа, обелодени дека македонскиот државен врв добил понуда за членство во Европската економска заедница, понудата била одбиена затоа што нема друга алтернатива од полноправно членство во нЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Некои од нас во регионот, можам да зборувам само за Северна Македонија, добивме понуда од многу високи функционери да станеме членка на Европската економска заедница, јас веднаш ја одбив оваа понуда затоа што овој тип размислување е катастрофален на долг рок“,  изјави денеска на конференцијата претседателот Стево Пендаровски.

Тој одговараше на прашања поврзани за тоа дали постои план Б доколку нСеверна Македонија остане блокирана на патот до членство во ЕУ какон што е случај сега со Бугарија.

Пендаровски не кажа од кого дошла понудата, ниту кои други земји од регионот добиле такви понуди, но изјави дека предлозите циркулирале за време на подготовката на новата методологија за преговори со ЕУ.

Претседателот на државата предупреди дека сите алтернативи, регионални или строго економски, се опасни за земјите од регионот бидејќи тие немаат долга демократска традиција и многу лесно може повторно да станат плен за автократски режими.

Истовремено тој ѝ порача на Европската Унија дека е незадоволителна сегашната ситуација со земјите од регионот, вклучително и Србија и Црна Гора кои повеќе од седум години преговараат со ЕУ и не се нималку близу до крајот на процесот.

„Економската интеграција не е доволна ако не следува политичка интеграција, клучно е да одат тие паралелно, она што недостига во Брисел е практична заложба на ангажиран пристап со што ќе се докаже декан западниот Балкан е голем стратешки и геополитички приоритет“, изјави македонскиот претседател.

Тој потсети и дека декларираната амбиција на Европската комисија е од ЕУ да направо глобален геостратешки актер и дека без ангажиран пристап кон регионот тоа нема да биде возможно.

Пендаровски исто така предупреди дека други глобални сили се подготвени да ја пополнат празнината што ЕУ би ја оставила доколку не се заангажира за перспективата на регионот.

„Единствените зборови што сакам да ги слушнам до крајот на оваа година се дека конечно ќе се организира првата меѓувладина конференција, ние сменивме име, направиме промени што ниедна земја не ги направила, тоа беше огромна жртва од страна на оние на власт, и главен влог на мојата кампања“, потсети Пендаровски.

На конференцијата учествуваше и министерката за ЕУ на Австрија, мКаролин Етстадлер, која порача дека ЕУ е моментално преоптоварена и со други теми како буџетот и Брегзит, и дека доколку нема преговори оваа година, треба да се биде трпелив до следната, иако, како што рече, ја разбира фрустрацијата.

актуелно Европска економска заедница пендаровски членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.