Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Мерките против Ковид-19 се добри, но делови од општеството потфрлија во нивната примена
Македонија

Пендаровски: Мерките против Ковид-19 се добри, но делови од општеството потфрлија во нивната примена

јуни 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„На ниво на системски решенија, мерките против пандемијата на корнавирусот во нашата држава не се разликуваа многу од непосредното опкружување, ниту од другите држави во светот, но мслам дека делови од Владата со селективната примена на мерките, прописите и законите во однос на верските заедници, дополнително придонесоа да се шири Ковид-19“, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој потенцира дека јадрото на мерките против ширењето на вирусот беа изготвени врз основа на препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

„Значи мерките беа тие, но во делот на примената на мерките ние потфрливме, како држава зборувам, но тоа не е потфрлање на Владата во целина, тоа е потфрлање на некои важни сегменти од општеството и се разбира потфрлање на дел од граѓаните кои се уште не се свесни дека тие мерки мора да се применуваат, тоа е единствен начин за превенција на оваа зараза“, истакнува шефот на државата.

Според него, при тоа, не можете да се исклучат од одговорност и клучните верски лидери или поодделни регионални верски лидери и во ИВЗ и во МПЦ, кои постапија комплетно неодговорно кон сопственото здравје и здравјето на верниците, меѓудругото, кога повикуваа на чествување или следење на тие црковни или верски протоколи без комплетно почитување на препораките.

Во врска со прогласената вонредна состојба, тој истакнува дека во дел од од јавноста, дел свесно, дел несвесно, имало недоразбирање околу толкувањето на оваа, како шро вели, „навистина уникатна ситуација“.

„Бројката на заразени, не е небитна од човечки аспект, и на починати се разбира, меѓутоа јас со вонредната состојба дозволив Владата да владее во време кога нема Парламент, значи Владата во исто време да биде и Парламент, да носи закони, и Влада – да ги имплементира законите. И во таа ситуација логично е дека вие давате да може да владеете од политички причини вонредна состојба. Не давате заради бројката на заболени. Сега јас не велам дека има помалку, дека короната е под контрола, меѓутоа велам дека сега Владата ме информира писмено дека има доволно залихи дури до крајот на годината, финансиски и други ресурси да се спротивстави на короната“, вели претседателот Пендаровски.

Во врска со подгревањето на националистичките тензии во предизборието, Пендаровски нагласува оти смета дека национализмот не игра битна или доминанта улога пред избори, ниту има пресудно значање за тоа кој ќе биде изборен победник.

„Ваквите одредени изблици на национализам мене ми се чини дека се свесно медиумски насочени за да постигнат ефекти кај таргетиран дел од популацијата“, вели претседтелот на Републиката, истакнувајќи дека национализмот го поттикнуваат политичките партии кои учествуваат на изборите и сакаат да направат резултат и сметаат дека нивниот партиски електорат сака тоа да го чуе.

Околу идејата на ДУИ за „премиер Албанец“, Пендаровски нагласува дека нема никаква уставна, политичка или законска пречка премиер на државата да биде Албанец.

„Не навлегувам во тоа кои се нивните партиски мотиви, јасни ми се, меѓутоа не гледам никаква пречка да го истакнат тоа како свое политичко барање пред нивните идни потенцијални партнери во идната влада, ако бидат во таква ситуација. Она што јас сакам да го кажам во тој контекст дека досега владејачката партија, односно претседателот на најголемата партија во владејачкото мнозинство секојпат со два мали исклучоци бил и премиер. Премиерот, според нашата поставеност на политичкиот систем, е најмоќната политичка фигура, тоа го знаеме сите“, додава шефот на државата.

Во врска со преговорите за членство со ЕУ и можноста за вето од страна
на Бугарија на овој процес, Пендаровски истакнува дека не очекува таков потег од страна на Софија.

„Мислам дека Бугарија ја има научено лекцијата од претходните децении, во смисла дека можеше да биде многу покрупен регионален играч, геополитички и геоекономски, а тоа не го направи и не треба да влезе во матриците на 19 и 20 век. Мислам дека нема да влезе комплетната бугарска политичка елита, бидејќи ќе сака во нашата држава да биде присутна на поинаков начин, повеќе и на поинаков начин, не со блокади и со вета, и мислам дека е добро да погледаат во примерот со Грција. После Преспанскиот договор Грција неспорно се позиционира како клучниот регионален играч на кој години и децении наназад му беше оневозможен пристапот од оваа јужна страна кон Европа, бидејќи имавме спор кој траеше“, истакнува претседателот Пендаровски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

актуелно Ковид-19 мерки пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.