Пендаровски на форумот за ЈИЕ во организација на Маршал центар

„Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на виртуелниот форум за Југоисточна Европа во организација на Маршал центар, европски центар за безбедносни студии.

Темата на форумот беше „Југоисточна Европа и почетокот на новата декада“.

На форумот учествуваа претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија.